| четврток, 6 декември 2018 |

16 убиени во напад на исламисти врз полицајци во Кина

china-unrest-xinjiang

14 терористи и двајца полицајци загинале во напад на полициска станица во западниот кинески регион Ксинџианг, јавија кинеските државни медиуми.

Напаѓачите фрлиле експлозивна направа на полицајците во префектурата Кашгар во округот Шуфу, додека полицајците бркале осомничени криминалци. Двајца напаѓачи се приведени.

 

Во регионот Ксинџианг живее мнозинско муслиманско население Ујгури, кое подолго време се бори против властите во Кина и тесно соработува со исламистичките радикални структури на Блискиот Исток, вклучувајќи ја и Ал Каеда. Повеќе на оваа тема пишуваше неделникот Република во 64. број.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top