| четврток, 6 декември 2018 |

Заев сѐ уште не го сменил ставот за свиткан ‘рбет?

LIDERI-3-Zoran-Zaev

Ставовите за името на СДСМ се конзистентни и не противречат со претходните изјави на лидерот кога тврдеше дека треба да ја свиткаме кичмата, тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Дневник.

На новинарско прашање „Своевремено изјавивте дека во однос на спорот за името треба да го свиткаме ’рбетот, а неодамна рековте дека не отстапувате од уставното име. Ваква противречност како да сугерира дека немате постојан и цврст став за ова важно прашање. Kаков став, всушност, имате?“, Заев одговара:

– Не постои противречност, ставовите на СДСМ се конзистентни и принципиелни. За СДСМ станува збор за наметнат и крајно нерационален и непринципиелен спор и за проблем што Грција го има за уставното име на Македонија. Грција го злоупотребува членството во Унијата. СДСМ постојано истакнува дека тоа е една нефер позиција. Во неколку наврати го посочивме нашиот став дека за СДСМ се неприфатливи решенија за промена на јазикот, идентитетот и националната посебност на македонскиот народ. За жал, премиерот одлучи да го монополизира и да го авторизира ова прашање. СДСМ и опозицијата во Македонија е целосно исклучена од процесот на преговарање. И во такви околности СДСМ како одговорна партија со своите ставови не дозволува да се нанесе штета на земјата, вели Заев во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top