Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне расправата за дополнителниот предлог на буџетот за 2014 година во рамките на 80. седница.
Осумдесеттата седница на Собранието има 78 точки на дневен ред.
Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарди денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.
Предлог-буџетот за 2014 година ѝ беше доставен на Владата заедно со извештајот од Комисијата за финансирање и буџет за прифатените, разгледаните и поднесените амандмани. Во десетдневниот рок, кој се покажа како недоволен, собраниската Комисија за финансирање и буџет прифати пет од поднесените 684 амандмани. Во рокот од десет дена за амандманската расправа Комисијата успеа да разгледа само 291 амандман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.