| четврток, 6 декември 2018 |

Делчево: Лажно пријавил дека го нападнале разбојници

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. (28) од Делчево, кој на 12 овој месец, со намера противправно да се стекне со имотна корист, лажно пријавил дека на излез од селото Волково, кај обиколницата, непознати маскирани разбојници со закана со пиштол му одзеле одзеле 3.200 евра, две платежни картички и мобилен телефон, соппственост на фирмата во која работел.

Полицијата извршила увид, а Д.С. во службени простории на СВР Скопје пред полициски службеници дал лажна изјава дека му е извршено кривично дело – „разбојништво“ со кое бил оштетен за 200.000 денари.

Како што сооопшти денеска МВР, извршениот увид, недоследностите во дадената изјава, како и превземените оперативно тактички мерки, давале основ за сомнеж, по што Д.С. бил повторно повикан на разговор.

Тогаш тој признал дека делото лажно го пријавил со цел да се стекне со имотна корист, парите ги сокрил во механичарскиот алат во товарното моторно возило, а двете платежни картички и телефонот ги фрлил во непосредна близина на местото, каде лажно го пријавил разбојништвото.

По разговорот, заедно со Д.С. полицијата повторно излегла на местото на настанот, каде тој ги посочил местата каде ги фрлил платежните картички и телефонот, како и кутијата со механичарски алат, каде го сокрил пликото со 3.200 евра. Пронајдените пари и предмети се фотографирани и подигнати и со потврда за вратени предмети се предадени на соственикот на фирмата за која работел пријавениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top