Кај Новата железничка станица во Скопје, на улица „Никола Карев“ бб, пред влезот на Македонски Пошти 2, вчера, околу 6 часот и 10 минути, М.Б.(29) извршил „разбојништво во обид“ врз 51-годишната С.С.
Според податоците од полицијата, насилник ја влечел С.С. за капуљачата од јакната, а потоа бил спречен од страна на две лица вработени како обезбедување во Пошта 2.
Оштетената настанот веднаш го пријавила во полиција. При извршеното легитимирање констатирано е дека станува збор за 29-годишниот М.Б. од Скопје. Со истото лице полицијата извршила разговор во кој тој го негирал делото, тврдејќи дека бил под дејство на алкохол и ништо не се сеќавал.
На оштетената од страна на лекар и е констатирана телесна повреда – контузија на колено.
На насилникот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, а познат и е на полицијата како сторител и на други кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


