Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, очекува и во наредната 2014 година да продолжи трендот на раст на градежништвото во Македонија, дури и со поголема стапка од годинашната.
– Градежништвото во последните две години е двигател на економскиот раст во Република Македонија. Само годинава реконструирани и изградени се околу 100 локални патишта во должина од 114 километри, а во фаза на завршување се и осум регионални патни правци. Во фаза на градба е и автопатот Демир Капија-Смоквица, се реализираат и градбите од
проектот Скопје 2014. Сето тоа придонесе за развој на градежништвото – рече Јанакиески на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека само во општина Аеродром се градат петнаесетина згради, а ширум територијата на Македонија се продадени огромен број на локации за градба.
– Во 2014 година очекувам уште повисок раст на градежништво, бидејќи ќе започне изградбата на два нови автопатишта, ќе продлжи изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, повеќе од сигурно е дека ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија и изградбата на главните магистрални гасоводни мрежи. Сето тоа кажува дека градежништвото ќе биде двигател на економијата и во 2014 година – нагласи Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


