| четврток, 6 декември 2018 |

Алепо: Во напад загинаа 22 лица, од кои 14 деца

Најмалку 22 луѓе, меѓу кои 14 деца, се убиени во денешните воздушни напади врз бунтовниците во Алепо, соопшти Сириската организација за заштита на човековите права.

– Во воздушните напади врз предградијата Сакур, Ард ал-Хамра и Хајдаријех во источно Алепо загинаа 22 луѓе, меѓу кои 14 деца и еден 18-годишно момче – се наведува во соопштението на Организацијата.

Медиумскиот центар Алепо, мрежа од активисти кои собираат информации од теренот, јави дека неколку хеликопптери ги нападнале бунтовничките области во Алепо.

Алепо, некогашната комерцијална престолнина на Сирија е значително уништен од офанзивата на бунтовниците во јули минатата година. Градот сега е поделен на прорежимски и антирежимски подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top