Русија поставила неколку ракетни системи со кус дострел на границите со Европската унија, како одговор на планот за европскиот противраткетен штит, пишува германскиот весник Bild, повикувајќи се на разузнавачки извори. Сателитските снимки кои носат ознака „доверливо” и не им познато потеклото ниту датумот кога се снимени, покажуваат „двоцифрен број” ракетни системи од типот „Искандер-М”, познати и под западната ознака SS-26 разместени „во текот на изминатите 12 месеци” во руската енклава Калининград и по должината на руската граница со балтичките земји.
Ракетите „Искандер-М” може да бидат опремени со конвенционално и неуклерно оружје, пишува уште Bild, а нивниот максимален дострел е околу 500 километри, што значи дека можат да го достигнат Берлин, имајќи предвид дека оддалеченоста меѓу Калининград и Берлин изнесува 527 километри. Со ова Русија ја спровела на дело заканата своевремено искажана како реакција на планот на НАТО за противракетниот штит кој со години е предмет за недоразбирањата меѓу Алијансата и Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.