Телото на Нелсон Мандела денеска пристигна Куну, малото село каде Мандела го поминал своето детство, а каде утре ќе биде погребан. Погребната поворка влегла низ капијата на имотот на Мандела, следена со воени возила, додека местото го надлетувале хеликоптери.
Посмртните останки на Мандела, кој почина на 5 декември на 96-годишна возраст, се префрлени порано денеска во воздухопловната база Вотерклуф, каде од него последен пат се прости раководството на владејачкиот Африкански национален конгрес (АНК), чиј лидер беше во почетокот на 90-те години.
Според податоците на јужноафриканските власти, од Мандела се простиле 100.000 жители на Јужна Африка, аутре на погребот се очекува да присуствуваат околу 4.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


