| четврток, 6 декември 2018 |

Стапи на сила договорот меѓу Белград и Приштина, од денеска се наплаќа на Јариње и Брњак

На премините Јариње и Брњак од денеска, врз основа на договорот постигнат меѓу Белград и Приштина во Брисел, почнува наплатата на прометот на стоки и капитал на северот на Косово, објави „Радио Слободна Европа“. На овие премини поради ЦЕФТА договорот на стоките од централна Србија не се наплатува царина, туку само ДДВ и акцизи. Плаќањето на овие давачки е овозможено на самиот премин, каде е инсталиран терминал на една од банките која работи и во централна Србија и во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top