| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени 38 албански државјанки поради проституција

Вчера и денес во акција на македонската полиција во локали во Тетово и Гостивар се приведени 38 албански државјанки.

Имено во с.Чегране-Гостивар, во УО„Нота“ при акциска контрола од страна на полициски службеници од ПС-Гостивар, поради сомнение за посредување при проституција приведени се 11 албански државјанки и една бугарска државјанка.

Во Тетово, пак, во УО „Бели“ при акциска контрола од страна на полициски службеници од ПС-Тетово и инспектор од УЈП, поради утврдување идентитет, приведени се 25 албански државјанки и една македонска државјанка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top