Вечерва е премиерата на уште една претстава во која македонската пејачка ќе земе учество. Имено, Тијана Дапќевиќ во последно не се одвојува од театарот, па после одличниот прием на публиката на нејзината комедија „Пукла брука“, подоцна и учество во уште една српска претстава, таа вечерва повторно настапува во Белград.
Српската режисерка Милица Краљ, култното парче на Душан Ковачевиќ „Маратонците го трчаат почесниот круг“ го претставува на сосем нов начин – во женска верзија.
На свената покрај Тијана ќе се појават уште многу познати српски актерки, а ќе учествуваат само двајца мажи.
Како и секогаш, подршка од првите редови на вечерашната премиера ќе добие и од нејзината сестра, Тамара Тодевска, која уште од вчера отпатува во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


