Првата се случила во 2 часот и 55 минути по полноќ на булевар „Словенија“ пред крстосницата со булевар „Македонско-косовска бригада“ и улица „Босна и Херцеговина“. Во сообраќајката учествувало патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Изгубил контрола над управувачот, излегол со возилото надвор од десната страна на коловозот, удрил во две канделабри и бетонски ѕид од објект во изградба и се превртел неколку пати. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило кое со друго возило е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
Втората незгода се случила во 15 часот и 10 минути на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и сервисна улица која го поврзува булеварот со станбена зграда наспроти ТЦ „Три бисери“. Учествувале три патнички моторни возила „голф“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски таблички управувано од граѓанин на Крива Паланка и патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил еден возач кој со друго возило е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде е задржан за натамошно лекување, а со полесни повреди се здобиле двајца возачи и тројца сопатници.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири сообраќајни несреќи со мала материјална штета за коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција вршела контрола на брзината на движење на возилата при што се санкционирани 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив петмина се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.
Преземени се мерки и кон шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 11 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, 17 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, пешачките премини и во зона на крстосница.
Во текот на изминатиот ден од страна на полициските службеници, а со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 57 возила кои биле непрописно паркирани.
Денешните активности на сообраќајната полиција првенствено ќе бидат насочени кон зголемување на безбедноста и проточноста во сообраќајот.
Денеска како последен работен ден во неделата, има зголемен обем на сообраќајот особено во централното градско подрачје. Пред тоа ќе се преземаат мерки против непрописно запрените и паркираните возила, особено на пешачките премини, во зона на крстосница, на автобуските стојалишта коишто во поголема мера го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Во оваа насока ќе се користи засилено и специјалното возило „пајак“. Вообичаено во вечерните часови за време на викенд сообраќајната полиција ќе врши засилена контрола со цел откривање и санкционирање на возачи кои ги управуваат своите возила под дејство на алкохол, а исто така ќе се спроведе и контрола на брзината на движење на возилата.
За денеска нема најавено вонредни настани. Се очекува тековно одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


