Поранешниот Ултимејт фајт шампион на планетата во тешка категорија и светска ѕвезда во боречките вештини, Рико Родригес, ја крена на нозе публиката во Скопје со спектакуларниот настап и победата против Гркот Несторас Бацелас во ФФЦ 10 (Final Fight Championship).
Во присуство на триилјадната публика, Рико си поигра со противникот во главната борба на вечерта и го доби дуелот со нокаут. Во аголот, како консултант, американскиот борец ја имаше подршката од познатиот Кро-коп, Мирко Филиповиќ, една од легендите во боречките вештини.
Победата, Родригес на задоволство на публиката ја прослави со македонски шал, а спектаклот со одлична претстава и триумф против грчкиот ривал Георгиос Вардис ја збогати македонскиот борец Ристо Димитров.
Ревијата што е дел од ФФЦ 10 е прва од ваков вид организирана во Македонија. Родригес кој има завидно педигре, е најголемата светска ѕвезда од ММА ( mixed martial art) што гостувала кај нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.