За две години ги исполнивме сите услови за Македонија да се квалификува за да влезе во НАТО, услови што со години не беа исполнети. Во 2009 Европската Комисија излезе и кажа дека Македонија е подготвена да ги започне преговорите, за жал повторно заради блокадата од нашиот јужен сосед одложен е нашиот влез, истакна премиерот Никола Груевски на вечерашната трибина во Штип.
Тој посочи дека како влада покажале голема грижа за националните интереси.
-Сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, но исклучително важно ни е како ќе се реши прашањето поврзано со нашето уставно име, националност и македонскиот јазик. Тука покажавме сериозна грижа, издржавме закани уцени и притисоци. Македонија и сега и понатаму ќе биде подготвена да ги почне преговорите, кога ќе бидат подготвени и ЕУ и НАТО да ја примат Македонија, ние сме уште сега подготвени. Тоа не значи дека треба да ги распродадеме нашите државни и национални интереси, и да го прифатиме она што ќе ни го сервира Атина, ќе бидеме многу внимателни. На крајот народот е тој што ќе донесе конечна одлука, дециден беше Груевски во своето обраќање пред граѓаните.
Премиерот се осврна и на заложбата за отворање на нови работни места, преку отворање на нови фабрики во Македонија, за што како што нагласи постојано се водат разговори со заинтересирани компании и се прават напори истите да се убедат да инвестираат.
Груевски говореше и за сите ветувања кои ги имаат дадено кон граѓаните, пред се по зголемувањата на пензиите, платите, социјалните надоместоци.
Во однос на проектите кои се однесуваат на Штип, на трибината беше посочено дека од февруари идната година ќе започне да се гради автопатот од Скопје до Штип кој ќе го намали времето за патување на 30 минути, а ќе стартува и изградбата на новата болница во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии