| четврток, 6 декември 2018 |

Самак: Во 2014 новите инвеститори ќе отворат 1500 работни места

фото: Утрински Весник

фото: Утрински Весник

Министерот задолжен за привлекување инвестиции, Веле Самак во интервју за економски.мк го објаснува процесот на носење инвестиции, Зборува за плановите за 2014 година. Според него, уште две компании се пред одлука за инвестирање, исходот треба да биде познат до средината на 2014, а се работи за проекти кои треба да отворат околу 1500 нови работни места.

Самак е задоволен од својот ангажман во Владата во изминатите години. Вели дека шест од најголемите и највидливи проекти се резултат на негово директно залагање: Џонсон Мети, Ван Хул, Дрекслмајер, Кромберг и Шуберт, Маркарт, Кофикаб, и неколку помали проекти.

-Тоа е извоз од една милијарда евра и скоро 10000 нови работни места, од кои скоро 4000 се пополнети. Се разбира за успех во привлекување инвестиции, покрај професионален напор и посветеност, потребно е и малку среќа. Сме имале години со многу проекти пред одлука кога од различни причини не се оствариле. И денес тоа повторно може да се случи, затоа кога покрај вештината и среќата е фактор, мора да сте професионално посветени на процес и доследност за да има поголема шанса за успех, вели Веле Самак во интервју за економски.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top