| четврток, 6 декември 2018 |

Доминација на домашните екипи во Евролигата

Панатинаикос е единствената екипа вечерва што победи на гостински терен, против Локомотив Кубан, а сите останати екипи што ја имаа предноста да играат на свој терен беа успешни.

Панатинаикос беше уверлив и триумфираше со 82-63, победа што им обезбеди пласман во следната фаза. Укиќ и Фоцис постигнаа по 17 поени, а кај домаќините најефикасен беше Јасаитис со 13 коша.

Највозбудливо вечерва беше во Милано, каде Армани со еден поен разлика го победи Бросе Баскет. Лавал постигна 17 поени, еден повеќе од Џентиле и два од Ленгфорд. Кај гостите Гавел беше најрасполоѓен за игра и уфрли 15 поени.

Максималниот учинок од девет победи го продолжи Реал Мадрид, со триумф од 79-66 против Стразбур. Миротиќ доминираше под обрачите со 22 поени, а кај франццускиот состав Дио беше најефикасен со 17 поени.

На свој терен славеа и Будевељник против Нантер со 97-87 и Галатасарај против Зјелона Гора со 76-57.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top