
Макеоднските црковни општини, кои сега се под јуриздикција на Синодот на МПЦ, а со кои раководи Владиката г. Тимотеј најверојатно ќе бидат регистрирани во Епархија. Тоа практично ќе значи и надминување на сите недоразбирања и за прв пат по две децении, најголем процент од црковните општини од Австралија ќе влезат во нормална комуниакција и функционалност со Македонската православан црква. Претставниците на црковните општини кои беа на преговори и надлежниот Митрополит се согласиле околу потребата од регистрација на епархијата, како најдобар начин за решавање на деценискиот спор на австралискиот континент.
-Прво и основно што за нас е најважно е тоа што Владиката ја поддржува идејата за регистрација на Епархијата како здружение на граѓани во согласност со австралиските закони. Значи конечно Епархијата би станала правно лице во Австралија. Владиката г.Тимотеј исто така не оспорува дека црковните општини треба да бидат регистрирани како посебни правни лица во Австралија, што е во согласност со Уставот на МПЦ. За жал во изминатите 16-17 години тоа беше предмет на судски спорови со претходниот владика, вели Игор Аврамовски Александров, претседател на македонските црковни заедници од Австралија.
До реализација на оваа иницијатива сега остануваат финеси, за кои Александров тврди дека нема да бидат проблематични. Станува збор за дефинирање на некои црковни одредби кои треба да бидат дел од документот со кој ќе се постигне единството меѓу МПЦ и црковните општини во Австралија.
-Очекуваме во наредниот месец дена, Владиката г. Тимотеј да ни ги испрати сите негови забелешки, за да се опфати и она што е чисто црковен аспект од Уставот, кој што во нацртот не е целосно опфатено, вели Александров, потеницрајќи дека тоа нема да биде ништо спорно.
-Нема ништо спорно. Владиката веќе некои прелиминарни забелешки ни пренесе во врска со нацртот кои што не мислам дека од наша страна ќе биде пречка да се исполнат, вели Александров.
Црквните експерти велат дека досега добро се одвиваат разговорите меѓу со владиката г. Тимотеј, кај кој има иксрено расположение да се затвори ова прашање.
Регистрација на Епархија на МПЦ во Австралија ќе биде историски чекор кој ќе значи надминување на сите недоразбирања и враќање на единството во МПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


