
Средбата меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата во Украина заврши без конкретни резултати.
Јанукович ги отфрли повиците за оставка на неговата Влада. Тој наведе дека тоа може да се случи само со гласање недоверба во Парламентот.
– Такво гласање имаше и вие ги видовте резултатите од него, им изјави Јанукович на опозиционерите на средбата пренесувана преку Интернет.
Јанукович и лидерите на опозицијата се сретнаа денеска за првпат по три недели масовни антивладини протести предизвикани од одлуката на Владата да не го потпише договорот за асоцијација со Европската унија.
Меѓу главните барања на опозицијата беа оставка на Владата и предвремени избори.
Опозицискиот лидер Виталиј Кличко побара од Јанукович да не се преземаат строги мерки против демонстрантите.
– Употребата на сила за што размислува Владата може да има ужасни последици за државата и за вас конкретно, наведе тој.
За време на средбата бројот на демонстранти кои се собраа на плоштадот во Киев се искачи на околу 15.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


