Нова епизода во драмолетката меѓу струмичанецот Асан Демов и градоначалникот Зоран заев. Тој денеска му се извинува на Заев, а претходно неговиот син тврдеше дека Заев го удрил со врата, кога овој му побара 2000 денари социјална помош.
Заев вчера отсто ја демантираше оваа информација, а денеска на прес-конференција ги посочи, според него, виновниците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги манипулираат сиромашните и болни луѓе.
„Нека ми прости градоначалникот Зоран Заев, да не беше тој жена ми досега ќе умреше. Тој многупати досега ми помагаше за лекови и за сè друго. Со овие зборови денеска на струмичкиот градоначалник му се извини Асан Демов, иако вчера го обвини Заев дека го удрил со вратата, откако Демов дошол да побара 2.000 денари социјална помош.
Синот на Демов пак тврдеше дека две жени и тројца обезбедувачи насилно го однеле него, татко му и сопругата во фабриката „Еленица“ каде ги чекал братот на Зоран Заев кој им нудел пари за да ја повлечат изјавата против Заев.
Одисејата на семејството Заев почнала по полноќ, а завршила околу 02 ,30 часот кога откако на снаата на Асан Демов и се слошило тие биле пуштени од обезбедувачите.
МВР врши истрага за случајот, доколку биде утврдено прекрушвање на законот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против прекршителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.