| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец вработен во здравството заработил најмногу во 2012 година

пари

Скопјанец вработен во секторот здравство лани примал месечна плата од 85 илјади евра. Ова го покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Уште еден скопјанец пријавил 242 милиони денари или над 39 милиони евра годишен приход, што е највисок годишен бруто-приход во Македонија, соопшти Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи (УЈП).

Со пензионирањето не завршува деловната активност на многу луѓе, па така, според податоците на УЈП, пензионер од Скопје пријавил 35,7 милиони денари годишен приход. Највисок приход само по основа на пензија е пријавен во Радовиш, и тоа во висина од еден милиони 660 илјади и 692 денари.

Даночен обврзник од Тетово, по основа на издавање земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид имот, пријави приходи од имот и имотни права во висина од над 46 милиони денари, додека авторски права и права од индустриска сопственост, обврзник од Скопје пријавил над 33,2 милиони денари.

Банкарството и телекомуникациските услуги кои доминираа изминатите години на листата на највисоки плати, оваа година не се меѓу првите десет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top