Секоја демократска политичка партија и во годината која не е запишана како изборна, мора да биде подготвена за избори. Ова “правило“, можеби не е запишано во статутите на политичките партии, но затоа е „закон“ за секој политички субјект, кој учествува во една изборната трка. Во 2014 година, Република Македонија ја очекува еден изборен цилус, односно претседателски избори, на кои граѓаните со право на глас ќе го избираат идниот шеф на државата. Опциите, или кандидатските имиња, со кои релевантните политички партии во Република Македонија би истрчале на избори сеуште се испитуваат внатре во партиите. Се истражува нивниот рејтинг, пред се внатре во партиските редови, а потоа и надвор кај електоратот. Во секој случај сите се согласни дека нивниот кандидат мора да биде пред се допадлив за гласачите. Но, што ако се случи март 2014 година да не биде само изборна година за избирање на идниот претседател на Република Македонија, туку во во исто време и да се избира и нов Парламент и Влада? Оваа опција долго време кружи во јавноста.Таа воопшто не е исклучена, иако законските решенија се помалку ограничувачки, но затоа пак, не се исклучлувачки. Што во оваа ситуација треба или, пак, прават политичките субјекти во Република Македонија?
Не е спорно дека опозицијата со најновата кампања што ја практикува со посетата на села и градови низ земјата, веќе ја “фаќа“ изборната трка. Колку таа е успешна сеуште е рано, да се даде заклучок, иако рејтинзите и натаму покажуваат голема предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, што во пратенички мандати би се ефектуаирало повторно во корист на актуелната Влада, односно уште еден во низата порази на опозицијата. Од оваа гледна точка, доколку би се случиле предвремени парламентарни избори, може да се заклучи дека политичката слика во земјава не би претпела голема промени, ниту во законодавниот дом, ниту, пак, во поделабата на министерските ресори во Владата на Република Македонија. Но, тоа се однесува на македонскиот политички кампус, а што станува со албанскиот?
Ситуацијата на таканаречената албанска политичка сцена, во последно време претрпува сериозни промени. Рејтинзите како на политичките партии, така и на нивните лидери и високи партиски активисти и фунционери се менуваат значајно. Некаде се бележи значаен раст, но некаде и значаен пад, кој е резултат на одредени политики на партијата, односно кадровки избор, кој очигледно не минал добро меѓу своите сопартијци. Со токму ваква ситуација изминативе месеци се соочува владејачката Демократска унија за интеграција, чиј лидер Али Ахмети, сакајќи да им угоди на многумина партиски функционери, создаде вистински хаос во партиските редови. Револтот што одредени партиски лица, го имаат поради неизбирањето за локални општински партиски шефови, не го кријат, туку напротив сериозно го покажуваат со тоа што почнуваат да создаваат паралелни структури во одредени општински ограноци.
ДУИ ВО КОНФЛИКТ СО САМАТА СЕБЕ
Ваквата ситуација во ДУИ, во која се создава клима за формирање на паралелни општински ограноци, сериозно ја слабее позицијата на ДУИ, не само во пресрет на одржувањето на претседателските избори, туку и за евентуалните предвремени избори, која доколку продолжи сериозно може да се одрази на пратеничките мандати на интегративците. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веројатно за прв пат по толку години добро менаџирање на партиската машинерија се соочува со проблем, кој очигледно почнува да му излегува од контрола. Непослушноста на партиските директиви, кои доаѓаат како резултат на лошата кадровска политика, му предизвикува бран на незадоволство дури и во општините, кои тој ги има под своја контрола, односно со кои раководат градоначалници од неговата партија. Таков е примерот со Тетово, за каде се говори дека разногласието од централата до општинската зграда е толку големо, што речиси и се губи некаде по пат.
Ништо поразлично, не е ниту во Гостивар, за каде се говори дека градоначалникот Невзат Бејта, кој ако нема толку многу проблеми со своите сопартијци, тогаш има сериозен проблем со своите сограѓани, кои не се срамат да кажат дека се незадоволни од неговата работа. Овој револт, апсолутно му оди на рака на неговиот политички конкурент и поранешен градоначалник на оваа општина Руфи Османи, чија политичка партија Национал демократска партија, бележи значаен раст на рејтингот, што во пресрет на изборите го прави сериозно конкурентен во однос на ДУИ. Тоа секако не значи дека Османи во оваа фаза е во состојба да ги “прегази“ ДУИ на теренот, но затоа може да ги помати сметките или плановите, што ДУИ може да ги прави во поглед на преговорите за претседателските избори со некоја од македонските политички партии.
Јавна тајна е дека албанскиот политички блок ако не е одлучувачки, тогаш е мошне влијателен во изборот на идниот претседател на Република Македонија. Пред се поради фактот што идниот шеф на државата не може да биде изгласан без албанските гласови, бидејќи тие гласови можеби не се потребни толку многу статистички, колку што и се потребни на целокупната демократска слика за Република Македонија, во која мора да се остави впечаток дека се работи за демократска земја, во која претседателот на државата е претседател на сите граѓани што живеат во неа. Токму затоа албанските политички партии, мораат зад себе да остават сериозен капитал на гласови, за да можат се впуштат во преговори со македонските политички партии. Се разбира дека нивните преговори секогаш значат се поголеми и поголеми барања, кои секоја Влада, или претседател за жал ќе мора да ги испорача. Но, за да дојдат до таа ситуација се разбира дека мораат да имаат сериозен број на гласови, кои ќе бидат конкурентни во поглед на нивните политички ривали.
КОГА СПОМЕНИКОТ СТАНУВА АЛАТКА ЗА ГЛАСОВИ
Во оваа битка на гласови, предничи ДУИ, која сака и натаму да биде лидерот во албанскиот политички кампус, односно партнерот со кој ќе преговара македонската политичка партија. Токму поради тоа се обидува на секаков начин да го зголеми својот рејтинг и да се стави над другите албански политички партии. Не е спорно дека според анкетите ДУИ е сеуште во предност пред ДПА, но мора да се земе предвид исто така фактот дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи во последен период сериозно ја промени својата стратегија на делување, која се темели пред се на зајакнување на своите кадровски капацитети, но и на соголување на политиката на ДУИ, која според ДПА се темели на непочитување на “Албанецот“ во Република Македонија.
Ваквата “патриотска“ реторика не е ништо ново во речникот на албанските политички партии, но во последно време очигледно е дека го дава бараниот плод. Најсвеж пример за тоа е вандалскиот чин на уривање на споменикот на Цар Душан. Потег со кој треба да се разбуди „свеста“ на Албанецот, да се подигне неговото чувство за припадност, и се разбира да се покаже сила и моќ. Оваа маркетингшка активност, која сама по себе не е ништо повеќе од вандализам, сепак, мора да се признае дека пред избори и дава резултати на онаа политичка партија која стои зад неа. Пред се поради фактот што со поигрувањетосо националните чувства секогаш бара, но во исто време и дава високи резултати, кои можат да се стават на контото на освоени гласови. Но, прашањето е колку албанските политички партии, кои евентуално стојат зад овој чин, се свесни дека се урива споменик?
Зошто вандализмот мора да биде причина за подгревање, односно размрдување на аморфната албанска гласачка машинерија? Ако ова е начинот да се разбудат албанските гласачи тогаш дефинитивно, албанските политички партии, се вистинско разочарување за својот електорат. Но, уште поголемо разочарување се и оние кои слепо учествуваат во ваквите чинови, сметајќи дека исполнуваат партиска задача, без да знаат дека всушност уништуваат уметничко дело платено со парите на сите граѓани. Но,веројатно за да се добие глас повеќе се се става во оптег, па и вакви кампањи, кои одат во прилог некому, но не и на Република Македонија. Сликата што се испраќа дефинитивно говори за нецивилизираност, која за жал е одлика на некои други системи и земји.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст