| четврток, 6 декември 2018 |

Севернокорејскиот лидер го егзекутирал тетин му како предавник

severna koreja

Тетинот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун бил погубен од тамошните власти како предавник, јави државната новинска агенција на Северна Кореја, пренесе „Франс прес“.

Џанг Сонг-Тек бил егзекутиран во четвртокот, набрзо по судењето пред специјалниот воен суд. „Би-Би-Си“ јави дека тој бил погубен во рамки на чистката поради корупцијата. Џанг, според информациите на британскиот сервис, бил остранет од партиска седница што се одржала неделава на драматичен начин од страна на вооружени чувари.

Бил обвинет за создавање антидржавна фракција, корупција и „несоодветно однесување“, што подразбира дека бил женскар, коцкар и дека користел дрога.

 

Севернокорејските медиуми во извештаите за неговото погубување велат дека тој бил полош и од пес.

 

 

67-годишнот Џанг бил десна рака на севернокорејскиот лидер и бил женет со ќерката на „таткото на нацијата“ Ким Ил Сунг.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top