| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија не го признава македонското малцинство

Парламентарното Собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство во таа земја, објави Дојче Веле

evroparlament-evrospki-parlament-685x320Бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев изјавува дека отстранувањето на македонското малцинство е добра формула за да им се даде саканата заштита од страна на Советот на Европа и да се избегне отварањето на пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи.

Специјалистот за малцинските прашања во ПССЕ, летонскиот пратеник Борис Цилевич, не го дели истото мислење, тој потсетува дека бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата кои се признати и тие кои не се признати.

Цилевич потсети дека е познато во практиката: „тие (Македонците и Помаците) не се претставени во Советот на малцинствата, а се донесени повеќе пресуди на Судот за човекови права поради одбивањето за официјално регистрирање на организациите кои ги претставуваат овие малцинства.“

– Јас јасно ставив на знаење во моето обраќање пред ПС на Советот не Европа дека Бугарија е наша пријателска држава и сосед, токму заради овие причини, како и заради тоа што во првичниот текст јасно беше побарано македонското малцинство да биде дел од Советот за национални малцинства на Бугарија, а беа посочени и проблемите кои ги имаат со нивните права и спроведувањето на одлуките на Судот во Стразбур. Тоа беше наша искрена подршка- објаснува за Дојче Веле Александар Николоски шефот на македонската делегација при ПССЕ за неговата претходна поддршка за затварање на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top