| четврток, 6 декември 2018 |

Здрави факти за утринскиот секс

Истражувањата покажуваат дека сексот кој вообичаено го практикувате пред спиење треба да го замените со утрински секс. Докажано е дека утринскиот секс ја зголемува плодноста кај жените и квалитетот на спермата кај мажите.

Ова се шест факти кои ќе ве натераат да станете 5 минути порано пред работа.

1. Утринскиот секс ослободува окситоцин – хормон кој предизвикува задоволство и поврзаност, а воедно и ве прави поубави.

2. Утринскиот секс го поттикнува развојот на голем број антитела кои не штитат од инфекции и го зајакнуваат метаболизмот.

3. За време на утринскиот секс се зголемува и лачењето на естроген, хормонот кој меѓу останатото ја прави кожата и косата блескава и свежа.

4. Утринскиот секс е одличен лек против стресот и депресијата. Тој го поправа расположението и го буди телото подобро од секој пијалак или појадок, па побрзо ќе бидете подготвени за психички и физички активности.

5. Утринскиот секс ја подобрува циркулацијата и го забрзува протокот на крв низ телото. Кај мажите предизвикува чувство на опуштеност и мир, а на жените им дава енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top