| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо Мраз на полиграф открива кое дете да добие подарок (видео)

Во трговскиот центар „Брент Крос“ во Англија Дедо Мраз не носи црвено одело, нема брада, очила и румени образи. Тој има полиграф и бара искрени одговори.

Управата на трговскиот центар објаснува дека одлуката за традиционалниот Дедо Мраз да го заменат со „истражител“ ја донеле со цел на најхрабрите деца да им врачат вредни подароци за божикните и новогодишните празници.

Исто така тие сметаат дека бидејќи денешните деца бараат скапи подароци како Икс бокс Уан или ПС4, не би било лошо
родителите да знаат дали децата им биле добри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top