| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ѕвезди кои боледуваат од неизлечива болест

Иако многу често нивниот живот е ставен на тацна, некои работи со маки пробуваат да ги сокријат од јавноста. Еве листа на светските познати ѕвезди кои не успеаја да сокријат дека со години се борат со сериозни проблеми.

Џек Озборн

ozborn

На 26 години, само три недели, откако тој стана татко, Џек Озборн, популарниот син на Ози, му беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Тоа е автоимуна болест која го напаѓа имунолошкиот систем, мозокот и ‘рбетниот мозок, што доведува до губење на мускулната контрола, визија, рамнотежа и чувствaта.

Миси Елиот

misi

Успешната раперка едно време избегнуваше да биде во центарот на вниманието поради Грејвс болеста. Оваа тешка автоимуна болест влијае на тироидната жлезда и предизвикува замор, гушавост и проблеми со видот. Во некој од моментите на Миси и било толку лошо што таа дури и не можела да напише или диск. Но, најлошото е дека лек за оваа болест не постои, но со различни третмани може да се направи животот полесен за заболените лица.

Дејвид Бекам

Britain Soccer Beckham Future

Припадничките на поубавиот пол ќе бидат сигурни доколку се обложат дека поранешниот фудбалер е совршен. Но Дејвид Бекам страда од дури две нарушувања: опсесивно-компулсивно нарушување и Туретов синдром. Тој во една прилика и самиот призна дека сите нешта секогаш мора да се подредени или во парови. Исто така, кога престојуваат во хотел, сите памфлети и книги кои ќе се најдат во собата мора да ги спакува во фиока, бидејќи само тогаш може да се релаксири.

Памела Андерсон

pamela

Памела Андерсон во 2002. година дозна дека боледува од Хепатит Ц. Таа вели дека го добила од нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли, со кого еднаш делела игла за тетовирање. Хепатит Ц е вирусна инфекција која нема особено изразени симптоми, туку таа болест систематски го уништува црниот дроб и доведува до цироза. Оваа инфекција не може да се излечи, но со промени во животниот стил може да се потиснат нејзините симптоми.

Ким Кардашијан

kim kardasianп

Тешко е да се поверува дека оваа популарна ѕвезда страда од псоријаза. Псоријазата е хронична воспалителна болест, обележана со црвени области на кожата покриени со сребрено – бела сува кора во форма на снегулки со различни дебелини и со чести непријатности, пецкања и чешање.

Мајкл Џи Фокс

majkl foks

Во 1990 година, на актерот Мајкл Џи Фокс на само 30 годишна возраст, му беше дијагностицирана Паркинсоновата болест. Тој оваа вест вешто ја криеше од јавноста осум години. Но целата приказна е уште повеќе трагична, со оглед на тоа дека на Мајкл многу рано му беше дијагностицирана оваа болест, бидејќи ова нарушување се јавува најчесто во педесеттите години. Паркинсоновата болест е нарушување на мозокот кое постепено се влошува и предизвикува карактеристичен тремор, проблеми со одење и влијае на движењето и координацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top