
Црвен крст на Република Македонија му го додели престижното признание „Златен медал“ на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за безрезервната поддршка на социјални програми кои се насочени кон помагање на најранливата категорија граѓани.
На пригодна церемонија, што се одржа денеска во просториите на Црвен крст, организацијата му изрази огромна благодарност на Мукаетов за, како што истакнаа, огромниот придонес кој континуирано со години го дава во насока на помош на оние на кои таа им е најпотребна.
– Со особено задоволство го доделуваме ова високо признание во знак на благодарност за укажаната помош во остварувањето на хуманитарните цели на Црвен крст и повеќе пати обезбедената поддршка на програмските активности на нашата организација. Ефектите се повеќе од позитивни – истакна Саити.
Дел од пригодната церемонија на која беа доделени признанијата беше и државниот секретар од Министерството за економија, Анче Трифуновски, кој потенцираше дека ова е одличен пример за поттикнување на општествената одговорност во редовите на бизнис-заедницата.
Во своето пригодно обраќање, Мукаетов изрази огромна благодарност за доделеното признание.
– Ова е исклучителна чест за мене, но и поттик да продолжиме понатаму со хуманата мисија – јас како индивидуа, но и моето семејство и компанијата која ја водам – потенцираше Мукаетов.
Признание „Бронзен поддржувач“ им беше доделено на компаниите: Алфа банка, „Македонски телеком“, „Пивара Скопје“ и „Сава осигурување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци


