Министерството за култура на Република Македонија годинава даде финансиска поддршка за возобнувањето на Студентското интернационално арт биенале (СИАБ), кое, по пауза од 8 години, во организација на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 20 декември ќе се одржи во Скопје.
Во текот на изминатите години на ова биенале учествуваа над илјада студенти и постдипломци од речиси сите континенти, а годинава, бројот на пријавените студенти и постдипломци (од Мексико, САД, Тајван, Египет, Германија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија и дваесетина од Македонија) ја надминува бројката од 40 учесници, што јасно говори за значењето на овој исклучително важен настан од областа на ликовната уметност кај нас.
Учесниците на годинашново, осмо Биенале ќе ја имаат честа за првпат да изложуваат во новоотворената Галерија на ФЛУ. Со организирањето на оваа студентска меѓународна манифестација, Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ претендира да ги детектира позицијата и творечките капацитети на нашите студенти, но и да го стимулира богатството на разликите, да го почитува и да го негува креативниот дијалог и да ја афирмира творечката полифонија во современиот ликовен контекст.
Важно е да се напомне дека СИАБ последен пат беше организирано во 2005 година, а од оваа година, со финансиска поткрепа од Министерството за култура, ќе се возобнови и ќе ја продолжи својата традиција.
Во Годишната програма на Министерството за култура од областа на ликовната дејност годинава, исто така, даде поддршка за голем број проекти во чија реализација беа вклучени млади автори, меѓу кои се и проектите на Маја Кировска и Ангел Миов, Дита Старова, Ненад Ѓорѓевиќ, Ивана Пирковска и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


