
Зошто толку многу ги сакаме џемперите? Која е причината? Ако се со неутрална боја и со едноставен крој, тие прилегаат на секоја модна комбинација. Дојдоа зимските денови и потребна ни е топла облека. Тие се совршен избор за зима. Греат, лесно се облекуваат и соблекуваат, па може да ги носиме и преку рамена или да ги наметнеме. Ако имаат впечатлив дезен, можат да бидат главен дел од изгледот.

Оваа зима по синџирите продавници за улична мода има голем избор на џемпери – од кратки болера, до тие што се долги до колена. Се носат и асиметрични џемпери, кои се шират во долниот дел, а освен класичните, кои имаат копчиња, многу често може да се најдат по продавниците и тие што се врзуваат со ремен и што се на преклопување.

Ова парче облека им припаѓа на основните парчиња што мора да ги има во секој женски орман и поради тоа дизајнерите, освен во црна и во бела комбинација, ги понудија во многу широка палета на бои. Оваа сезона се носат џемпери со животински дезени, со цртежи, со геометриски фигури…
Готово е со есенските џемперчиња, кожени јакни и мантили. Дојде зима и треба да се облечеме потопло. И затоа како измислен е еден топол џемпер во овие студенти зимски денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


