Најмалку 40 деца кои во инцест ги родиле брат и сестра се пронајдени во австралиската област Нов Јужен Велс. Голем дел од нив се ментално заостанати, глуви, неми или спели.
Австралиските медиуми наведуваат дека тоа е најлош познат инцест семеен култ со оглед на тоа дека и други членови на фамилијата имале сексуални односи и добивале деца.
Пронајдените деца живееле во валкана шупа, а мнозинството од нив имаат бројни проблеми со делови со телото.
Фамилијата во медиумите претставена под лажно презиме Колт, брои најмалку 40 членови од четири генерации, а според нив случајот е еден од најбизарните примери на злоставување деца во историјата.
Сторијата за Колтови излегла во јавност откако граѓаните пријавиле до властите дека во долината живее група деца кои не одат на училиште.
Полицијата и социјалната служба ја пронашле фамилијата во која голем дел деца целосно се неспособни да се грижат за себе, живееле без основни хигиенски услови, не познавајќи дури ни користење четка за заби или тоалет-хартија, како и тешко заболени од ментални и физички пореметувања.
Децата не комуницирале со никого освен со членовите на фамилијата.
Семејството го зачнале роден брат и сестра, чукунбаба и чукундедо на најмладата генерација, кои имале неколку деца, а потоа тие меѓу себе општеле и ја ширеле фамилијата. Сите членови на фамилијата освен најмладата – петгодишно девојче, имаат родители кои се блиски или подалечни роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


