| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора под лупа заради машките деца

crna gora EU znaminjaСоветот на Европа побара од Црна Гора податоци за абортусите поради висока несразмерност во бројот на новородени машки и женски деца, што во таа држава може да биде последица на уништување на женските фетуси.

Статистиката покажува дека во Црна Гора се раѓаат 100 девојчиња на 110 момчиња, додека природниот просек е 100 спрема 102 до 104.

Меѓународни организации се сомневаат дека има злоупотреба на раното утврдување на полот и селективен абортус на женски фетуси.

– Точно е дека Советот побара информација од Црна Гора за пренатален избор на пол бидејќи истражувањата на популациониот фонд на ОН покажале дека во некои европски земји се врши пренатална селекција на полот на фетусот во корист на машката популација. Според тоа истражување, Црна Гора, заедно со Албанија, Азербејџан и Ерменија е земја со најголем дизбаланс меѓу децата од машки и жеснки пол – вели Менсуд Грбовиќ од Министерството за здравство на Црна Гора за „Радио Слободна Европа“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top