| четврток, 6 декември 2018 |

Сите очи вперени кон Свети Николе: Многу врева за не(и)што

За овој ло­ка­ли­тет сме ко­му­ни­ци­ра­ле со свет­ски ре­но­ми­ра­ни уни­вер­зи­те­ти. Сѐ е са­мо не­ко­ја прет­по­ста­вка, да­ле­ку од тоа де­ка сме бли­зу до до­ка­жу­ва­ње. Се­кое твр­де­ње и по­со­чу­ва­ње пред­вре­ме са­мо мо­же да му на­ште­ти на ло­ка­ли­те­тот - ве­лат ар­хе­о­ло­зи­те од гра­дот

Ге­ог­лиф со по­вр­ши­на ре­чи­си кол­ку ед­но фуд­бал­ско игра­ли­ште се на­о­ѓа во Ов­че По­ле, бли­зу Све­ти Ни­ко­ле. Јас­но­вид­лив од хе­ли­коп­тер, ави­он и, се­ка­ко, на ма­пи­те на „Гугл ерт“. Дел од ло­кал­но­то на­се­ле­ние е за­поз­на­е­но со по­сто­е­ње­то на ова ме­сто по­ве­ќе од 15 го­ди­ни, а не­ма сом­неж де­ка за тоа би­ла свес­на и по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска ар­ми­ја. Де­но­ви­ве на­уч­ни­ци, аван­ту­ри­сти, истра­жу­ва­чи од це­ли­от Бал­кан по­ми­ну­ва­ат во Све­ти Ни­ко­ле ин­те­ре­си­рај­ќи се за мно­гу­те (над)при­род­ни фе­но­ме­ни во око­ли­на­та. Не­о­дам­на за тоа про­го­во­ри и хр­ват­ски­от не­за­ви­сен истра­жу­вач До­ма­гој Ни­ко­лиќ. Тој из­ле­зе со твр­де­ње де­ка гро­бот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски се на­о­ѓа кај Све­ти Ни­ко­ле, а Але­ксан­дар Ма­ке­до­нец не бил Грк, ту­ку Ма­ке­до­нец. Ар­хе­о­ло­зи­те во зем­ја­ва не са­ка­ат мно­гу да ко­мен­ти­ра­ат. Ве­лат де­ка тоа не смее да до­бие по­ли­тич­ка зад­ни­на. Тоа са­мо ќе на­не­се ште­та на на­та­мош­но­то иско­пу­ва­ње и утвр­ду­ва­ње.

– За овој ло­ка­ли­тет сме ко­му­ни­ци­ра­ле со свет­ски ре­но­ми­ра­ни уни­вер­зи­те­ти. Сѐ е са­мо не­ко­ја прет­по­ста­вка, да­ле­ку од тоа де­ка сме бли­зу до до­ка­жу­ва­ње. Се­кое твр­де­ње и по­со­чу­ва­ње пред­вре­ме са­мо мо­же да му на­ште­ти на ло­ка­ли­те­тот – ве­лат ар­хе­о­ло­зи­те од гра­дот.

Ни­ко­лиќ во хр­ват­ска­та еми­си­ја „На ра­бот на на­у­ка­та“ збо­ру­ва­ше за Але­ксан­дар и за не­го­ви­от гроб.

– Смрт­та го за­тек­на­ла Але­ксан­дар во Ва­ви­лон. Тој ба­рал не­го­во­то те­ло да би­де пре­фр­ле­но во Ма­ке­до­ни­ја. Но, на пат кон Ма­ке­до­ни­ја, не­го­во­то те­ло би­ло граб­на­то од Пто­ло­меј, кој го пре­фр­лил во Але­ксан­дри­ја. По­вор­ка­та во Ма­ла Ази­ја трг­на­ла кон Але­ксан­дри­ја и, на­вод­но, та­му бил за­ко­пан. Не сум си­гу­рен де­ка тоа би­ло та­ка. Се­ка­ко, има еле­мен­ти на ви­сти­на. Во Ма­ке­до­ни­ја по­стои на­род­но пре­да­ние спо­ред кое тој е за­ко­пан во Ма­ке­до­ни­ја. По­чет­на­та и крај­на­та точ­ка на кру­гот мо­ра да се за­тво­рат. Тоа е таа ме­та­фи­зи­ка во ко­ја ве­ру­ва­ле. Чо­ве­кот мо­ра да би­де за­ко­пан та­му ка­де што се ро­дил. Спо­ред тоа, Але­ксан­дар е за­ко­пан во гра­дот Би­ла­зо­ра. Би­ла­зо­ра се на­о­ѓа кај ма­ке­дон­ски­от град Све­ти Ни­ко­ле. Тоа е ар­хе­о­ло­шко на­о­ѓа­ли­ште, мно­гу уба­во и мо­ну­мен­тал­но. Не­да­ле­ку од ту­ка се на­о­ѓа го­ле­ма гроб­ни­ца, 85 на 45 ме­три, со чу­ден ге­ог­лиф ка­ко зна­кот на Ка­си­о­пе­ја. Има до­вол­но при­чи­ни да ве­ру­ва­ме де­ка та­му е гро­бот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски. Таа гроб­ни­ца се на­о­ѓа на са­мо не­кол­ку ки­ло­ме­три од Све­ти Ни­ко­ле, а е во фор­ма на кос­мич­ко јај­це. На­пра­ве­на е од зем­ја. Се­ка­ко, ако таа те­о­ри­ја е точ­на, тре­ба да има влез, да по­стои сар­ко­фаг. Гро­бот на Але­ксан­дар е на­мер­но скри­ен, но оз­на­чен. Од­бе­ле­жан та­ка за да го пре­поз­на­ат са­мо тие што ја зна­ат све­та­та тај­на, од­нос­но што ја раз­би­ра­ат ме­та­фи­зи­ка­та. На­род­ни­те пре­да­ни­ја ги зна­ат та­мош­ни­те упа­те­ни лу­ѓе по­ра­ди што и ин­фор­ма­ци­и­те ги до­бив од ло­ка­лен истра­жу­вач од Све­ти Ни­ко­ле, Ни­ко­ла Ри­стев­ски – из­ја­ви хр­ват­ски­от истра­жу­вач.

Никола Ристевски

Никола Ристевски

Ка­ко на не­бо­то, та­ка и на зем­ја­та

Да­ли гро­бот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски е во Све­ти Ни­ко­ле? Да­ли не­ко­гаш­ни­от ди­ре­ктор на За­во­дот за за­шти­та на кул­тур­но­то бо­гат­ство мис­ле­ше на овој ло­ка­ли­тет ко­га из­ја­ву­ва­ше де­ка е зад пе­ти­ци­те на гро­бот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски?

Раз­го­ва­рав­ме со Ни­ко­ла Ри­стев­ски, не­за­ви­сен истра­жу­вач од Све­ти Ни­ко­ле, кој е во кон­такт со До­ма­гој Ни­ко­лиќ. Го пра­шав­ме што е тоа што најм­но­гу пре­диз­ви­ку­ва сом­не­ва­ње де­ка гро­бот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски се на­о­ѓа кај Би­ла­зо­ра, во бли­зи­на на Кнеж­је.

– На­ско­ро ќе би­де об­ја­ве­на кни­га­та од До­ма­гој Ни­ко­лиќ, во ко­ја­што де­тал­но ќе би­дат прет­ста­ве­ни истра­жу­ва­ња­та за древ­на­та ма­ке­дон­ска ло­за и за Ов­че­по­ли­е­то. Се­ка­ко де­ка вни­ма­ние прив­ле­ку­ва и чуд­на­та тум­ба над се­ло­то Цр­ни­ли­ште, со знак кој­што ед­вај се за­бе­ле­жу­ва од зем­ја, а, се­ка­ко, се гле­да од не­бо и од ма­па­та на „Гугл ерт“. Тој ге­ог­лиф е на мно­гу ма­ла воз­душ­на од­да­ле­че­ност од де­неш­но Све­ти Ни­ко­ле и се­ло­то Кнеж­је, ка­де што се вр­шат истра­жу­ва­ња на ан­тич­ка на­сел­ба, за ко­ја­што се прет­по­ста­ву­ва де­ка би­ла Би­ла­зо­ра  – пре­стол­ни­на­та на Па­јо­ни­ја. Ге­ог­ли­фи­те прет­ста­ву­ва­ат умет­нич­ки де­ла соз­да­де­ни на Зем­ји­на­та поч­ва пре­ку ор­га­ни­зи­ра­но ре­де­ње ка­ме­ња, зем­ја или друг ма­те­ри­јал. По­тек­ло­то на овие цр­те­жи вид­ли­ви од не­бо сѐ уште е не­поз­на­то за по­ве­ќе­то на­уч­ни­ци на на­ше­то вре­ме. Спо­ред до­се­гаш­ни­те истра­жу­ва­ња, фор­ми­те што на­у­ка­та де­нес ги на­ре­ку­ва ге­ог­ли­фи би­ле соз­да­де­ни од пра­ста­ри­те ци­ви­ли­за­ции за да по­ка­жат по­чит кон нив­ни­те бо­го­ви, од­нос­но да го прес­ли­ка­ат до­бро поз­на­то­то „ка­ко на не­бо­то, та­ка и на зем­ја­та“.

Domagoj na dze

Домагој на Ѕе

До­ма­гој Ни­ко­лиќ чест го­стин во Ма­ке­до­ни­ја

Пред две го­ди­ни ар­хе­о­ло­гот Го­ран Ди­нев, то­гаш вра­бо­тен во Град­ски­от му­зеј во Све­ти Ни­ко­ле, ме по­ви­ка за да раз­го­ва­ра­ме со по­се­ти­тел од Хр­ват­ска. По по­се­та­та на Кра­то­во, До­ма­гој Ни­ко­лиќ ре­шил да го ви­ди ме­га­лит­ски­от ѕид од дру­га­та стра­на на Бо­гос­ло­вец, кај Бре­гал­ни­ца, кој­што на­ро­дот го на­ре­ку­ва Ѓа­вол­ски (спо­ред ста­ро­то на­род­но пре­да­ние). Во му­зе­јот не­ма­ло не­кој што бил за­поз­на­ен со те­ре­нот, а и мо­јот при­ја­тел-ар­хе­о­лог до то­гаш не­мал мож­ност да го ви­ди овој огро­мен ѕид, па ги про­ше­тав до са­мо­то ме­сто. Го­ди­на­ва пак се ви­дов­ме. По­ми­нав­ме не­кол­ку сед­ми­ци низ Ма­ке­до­ни­ја, при што имав­ме мож­ност да до­би­е­ме си­лен увид за древ­но­ста на овие про­сто­ри.  Хр­ват­ски­от истра­жу­вач ја има по­се­те­но Ма­ке­до­ни­ја не­кол­ку па­ти, а ќе би­де до­бре­дој­ден и во ид­ни­на – ве­ли Ни­ко­ла Ри­стев­ски.

Ни­ко­лиќ збо­ру­ва за го­ле­ма гроб­ни­ца, 85 на 45 ме­три, со чу­ден ге­ог­лиф ка­ко зна­кот на Ка­си­о­пе­ја. Ка­си­о­пе­ја е, мо­же­би, најс­јај­но­то соѕ­вез­дие – кра­ли­ца на не­бо­то. За Ка­си­о­пе­ја Ри­стев­ски ве­ли де­ка  ако  пог­лед­не­ме на не­бо­то, мо­же­ме да ја споз­на­е­ме јас­на­та сли­ка, ог­ле­да­на на Зем­ја­та – соѕ­вез­ди­е­то Ка­си­о­пе­ја и неј­зи­но­то вр­те­ње око­лу Сон­це­то, што е по­вр­за­но со овој рид со елип­са и стрел­ка на не­го.

– На Се­вер од ов­де е Ко­ки­но, а на југ Ал­шар. Ма­ке­дон­ци­те од Ал­шар ва­де­ле ми­не­рал пос­ја­ен од  зла­то­то. Ло­ран­ди­тот сѐ уште го има дла­бо­ко во зем­ја­та. Од Ко­ки­но го наб­љу­ду­ва­ле  та­тко­то Не­бо. Ка­си­о­пе­ја се­кој ден вр­ти полн круг око­лу По­ла­рис  – нај­ви­со­ка­та  точ­ка на не­бо­то и  се ме­сти под прав агол со Се­вер­ни­ца на ед­но од из­греј­сон­ца­та ко­га поч­ну­ва астро­ло­шко­то вла­де­е­ње на Ла­вот. Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски по­чи­нал на 11 ју­ни 323 пр.н.е, а бил ро­ден 356 пр.н.е, во пер­и­о­дот од 21 до 23 ју­ли (астро­ло­шки пре­мин од Рак во Лав). Пор­та­та  на Ла­вот, де­нот ко­га е ро­ден све­ти­от цар Але­ксан­дар, е де­нот ко­га соѕ­вез­ди­е­то на­ре­че­но Не­бес­на Кра­ли­ца со име Ка­си­о­пе­ја –спо­ред мит­ска ети­оп­ска кра­ли­ца (има­ле ти­ту­ли Ма­ке­да) – стои под прав агол со Се­вер­ни­ца и отс­ли­ку­ва ог­ле­дал­на сли­ка на на­ши­от  ге­ог­лиф. Во исти­те тие утра ко­га Се­вер­ни­ца и Ка­си­о­пе­ја  отс­ли­ку­ва­ат ог­ле­дал­на сли­ка на на­ши­от ге­ог­лиф, на са­мо­то из­греј­сон­це на не­бо­то се по­ја­ву­ва  Ори­он, по­ра­но на­ре­ку­ван и Кан­да­он. Кан­да­он бил бог на вој­на­та на Па­јон­ци­те. Име­то Кан­да сим­бо­лич­но го одре­ду­ва ме­сто­то на веч­но­то свет­ло кое се сим­на­ло од не­бо­то и го по­де­ли­ло на мрак и свет­ли­на (зем­ја-не­бе­са). На не­бо­то, над Кан­да, точ­но на астро­ло­шки­от пре­мин од Рак во Лав, во ра­на­та зо­ра, во ча­сот на из­гре­ва­ње на сон­це­то на днев­но­то не­бо кое го сим­бо­ли­зи­ра све­тот на жи­ви­те, се воз­диг­ну­ва не­бес­ни­от џин Ори­он – Кан­да­он, свет­ли­от не­бе­сен ги­гант. Тоа зна­чи де­ка се ро­дил кра­лот, се илу­ми­ни­зи­ра­ле расп­ле­те­ни­те ко­си на са­мо­ви­ли­те, дош­ла про­ѕир­на свет­ли­на, Кра­лот Сон­це, кој до­шол од све­тот на мр­тви­те, од под­зем­је­то се воз­диг­нал на не­бо­то – рас­ка­жу­ва Ри­стев­ски.

Би­ла­зо­ра, Ѕе и Ка

Со не­го раз­го­ва­рав­ме и за на­род­но­то пре­да­ние, за тоа во што ве­ру­ва­ле лу­ѓе­то то­гаш, за ме­та­фи­зи­ка­та за ко­ја збо­ру­ва­ше Ни­ко­лиќ.

cass mirror

– Ка­ме­нот си те­жи на сво­е­то… Ин­те­рес­но е де­ши­фри­ра­ње­то од Са­ше Ен­дров­ски, дел од ти­мот на про­фе­со­ри­те Ари­сто­тел Тен­тов и То­ме Бо­шев­ски, кој ус­пеа да про­чи­та на­пис со пис­мо­то од Ка­ме­нот од Ро­зе­та, на­пи­шан на ри­дот ка­де што се прет­по­ста­ву­ва де­ка е гро­бот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски. Про­фе­сор Тен­тов из­ја­ви де­ка ве­ро­јат­но тоа ме­сто е гроб­ни­ца на не­ко­ја мно­гу важ­на лич­ност, од мно­гу одам­на, пред Але­ксан­дар Тре­ти Ма­ке­дон­ски. Гле­дај­ќи од се­вер кон југ и чи­тај­ќи од дес­но кон ле­во, про­чи­таа „На А Воо Ѕе“ – што на де­не­шен ма­ке­дон­ски би би­ло: „На пр­ва­та (вр­хов­на­та мај­ка) од не­бес­ни­от во­дач (пр­во­ро­ден, оној што гле­да сè, го­ле­мо­то око) Ѕе“. Спо­ред ма­ке­дон­ска­та транс­крип­ци­ја на сред­ни­от текст од Ка­ме­нот од Ро­зе­та, Ѕе бил вр­хо­вен бог на Ма­ке­дон­ци­те, за­штит­ник на жи­во­тот. Пр­во­ро­ден од два­на­е­сет­те де­ца на не­бес­ни­те мај­ка и та­тко, а имал и брат змеј – Ка, за­штит­ник на здрав­је­то и на Ма­ке­дон­ци­те од Гор­на Зем­ја. Бу­ква­та „ѕ“ де­нес ја има­ме ка­ко ре­ми­нис­цен­ци­ја на  ЅЕ­ЛО од гла­го­ли­ца­та. Сим­бо­лот за­о­кру­жен со елип­са мо­же да се нај­де во пра­ста­ри­те ли­не­ар­ни пис­ма, но и во ара­меј­ско­то. Ко­га ќе се трг­не од Све­ти Ни­ко­ле, пре­ку Рец­ко Ма­а­ло и Ру­ди­на, Ва­кав, Кан­да, се стиг­ну­ва до ге­ог­ли­фот. Кан­да на тур­ски зна­чи крв, во де­неш­ни­от ја­зик најб­ли­зок збор е кан­ди­ло и кан­ди­са. На сан­скрит, кан­да зна­чи ко­неч­но, а акан­да бе­ско­неч­но. Во ин­ди­ска­та јо­га, кан­да е точ­ка­та што е астра­лен ко­рен на чо­веч­ко­то те­ло и гла­вен ка­нал за про­ток на енер­ги­ја­та – про­дол­жу­ва Ри­стев­ски и до­да­ва:

– Кан­да­он е си­но­ним за Ори­он, во не­кои из­во­ри и за Хе­рак­ле. Па­јон­ци­те што жи­ве­е­ле на овие про­сто­ри има­ат мо­не­ти со еден од два­на­е­сет­те под­ви­зи на Хе­рак­ле, оној со не­меј­ски­от лав. Ги има ка­ко стрел­ци со кри­ви ла­ко­ви, сил­ни вој­ни­ци на стра­на­та на Тро­ја во Или­ја­да­та. Би­ле со Але­ксан­дар до Ин­ди­ја ка­ко не­го­ва лес­на ко­ња­ни­ца, ге­не­ра­лот Ари­стон имал по­себ­на уло­га во би­тка­та кај Га­вга­ме­ла, бру­тал­но се­чеј­ќи гла­ви. Ари­сто­тел и оста­на­ти­те древ­ни умо­ви пи­шу­ва­ат за не­кој огро­мен бик, би­зон во ре­о­нот на Па­јо­ни­ја. Дро­пи­он, еден од пос­лед­ни­те упра­ву­ва­чи на ре­тко спо­ме­ну­ва­но­то пле­ме, ис­пра­ќа по­да­рок до Про­рош­тво­то од Дел­фи, во чест на де­до му Ау­до­ле­он  – скулп­ту­ра, гла­ва од би­зон. Би­ла­зо­ра пос­ле­ден пат се спо­ме­ну­ва во 2 век пр.н.е., а во 168 пр.н.е. е за­па­ле­на. Око­лу 20 го­ди­ни по­доц­на, во 148 го­ди­на пр.н.е. Ма­ке­до­ни­ја и офи­ци­јал­но е рим­ска про­вин­ци­ја. От­то­гаш до­се­га има око­лу 2160 го­ди­ни. Во ми­на­то­то ка­ко да по­сто­е­ле два па­ра­лел­ни све­та, еден на обич­ни­те лу­ѓе и еден на вла­де­те­ли­те – гра­ди­те­ли. Пре­ку со­зер­цу­ва­ње­то на са­ми­те град­би, нив­на­та по­ста­ве­ност во од­нос на ос­нов­ни­те при­род­ни обе­ле­жу­ва­чи и на­чи­нот на ѕи­да­ње, би мо­же­ле да дој­де­ме до со­стој­ба на свест од ко­ја­што јас­но мо­же да се опре­де­ли раз­лич­но­ста во споз­на­ва­ње­то на ре­ал­но­ста – то­гаш и се­га. На­ши­те пред­ци ин­фор­ма­ци­ја­та ја до­би­ва­ле не­по­сред­но, од са­мо­то не­бо. Не­бо­то би­ло поб­ли­ску, зна­ат да ре­чат. Соѕ­вез­ди­е­то Ка­си­о­пе­ја го на­ре­ку­ва­ле уши. Во не­по­сред­на бли­зи­на на Све­ти Ни­ко­ле и Кнеж­је по­стои мес­ност на­ре­че­на Уши, што до­бро се за­бе­ле­жу­ва и на то­по­граф­ски­те кар­ти.  Во Ви­де­ни­е­то на про­ро­кот Иса­и­ја за пос­лед­ни­те дни, апо­кри­фен текст од бо­го­мил­ски­от пер­и­од, се спо­ме­ну­ва ре­ка­та Та­ен Рај во Ов­че По­ле ка­ко ме­сто ка­де што ќе се по­ја­вел бе­срам­ни­от змеј. Ќе ги со­брал си­те свет­ски вел­мо­жи на сво­јот др­вен сплав, ќе ги по­ве­дел на змеј­ска свад­ба и та­ка ќе поч­на­ла апо­ка­лип­са­та. На­ро­дот за­чу­вал пре­да­ние и за не­ка­ков си змеј на ре­ка­та Бре­гал­ни­ца. Зме­јо­ви­те и лам­ји­те има­ат важ­на уло­га во ко­ле­ктив­на­та свест на Ма­ке­дон­ци­те. Ед­но од два­на­е­сет­те бо­жес­тва спо­ред сред­ни­от текст од Ка­ме­нот од Ро­зе­та е зме­јот Ка, брат на Ѕе, чу­вар на здрав­је­то и за­штит­ник на Ма­ке­дон­ци­те од Гор­на Ма­ке­до­ни­ја. Ѕе е за­штит­ник на жи­во­тот и по­кро­ви­тел на свет­ли­на­та. Ден- де­нес се поз­дра­ву­ва­ме со здра­во-жи­во и жи­во-здра­во.

Пишува: Бил­ја­на За­фи­ро­ва
Фото: Ѓорги Личовски
Текст објавен во 66. број на неделникот „Република“, 6.12.2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top