| четврток, 6 декември 2018 |

Рубљата во друштво со доларот, еврото, јенот и со фунтата

рубњаРуската рубља доби нов симбол, кирилично Р со хоризонтална линија на средина.

– Симболот на рубљата, кој ќе се користи за дизајнирање на банкнотите, денес беше утврден од страна на директорите на Банката на Русија – изјави шефицата на Руската централна банка Елвира Набиулина.

За сегашниот симбол гласаа 61 процент од 280.000 граѓани што учествувале во изборот за едно од пет предложени решенија за изгледот на симболот на рубљата.

Новиот симбол на рубљата ќе се добие и копче на компјутерските тастатури, како што имаат доларот, еврото, јенот и фунтата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top