Аргентинската убавица неодамна го роди своето прво дете, но не дозволи нејзината работа да страда поради мајчинството.
Луисана Лопилато, во светот позната како актерка, модел и сопруга на познатиот пејач Мајкл Бубле, а кај нас, пак, по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, само три месеци по породувањето сними нова реклама.
Таа е избрана за заштитно лице на марката за долна облека „ултимо“ за престојната 2014 година. Пред неколку дена Луисана го сними и првиот едиторијал за новата колекција на врвот на една зграда во Њујорк, а таа изгледа подобро од кога било.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


