Поранешниот соработник во американската Национална агенција за безбедност Eдвард Сноуден, изрази надеж дека „истекувањето“ тајни документи ќе предизвика повеќе транспарентност во работата на владите, објави
американскиот весник „Тајм“.
–Тоа што најмногу ми пречи не е тоа каков надзор може теоретски да се случи, туку дека тоа е направено, а голем број општества не биле ни свесни дека тоа е можно – изјави Сноуден во интервју за американскиот магазин преку електронска пошта.
Тој додаде дека неговото обелоденување податоци ќе помогне да се предизвикаат промени така што јавноста, тахнолошката заедница, американските судови, Конгресот и американските извршни органи на власта ќе го променат начинот на размислување.
–Претседателот би можел да користи обврска за сведување на тие програми на разумни стандарди и насочување НСА да се фокусира својата огромна моќ кон развој на глобални технички стандарди кои би спроведувале нови правила кои обезбедуваат силна сеопшта безбедност, но да биде безбедно да не спроведуваме непропишан надзор на поединци како и други влади – вели Сноуден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА
-
Кои се најбараните информации од јавен карактер што ги интересираат новинарите?
-
Анализа на „Тајм“: Сите масовни убијци во САД се мажи
-
Веб-страница за крадци и киднапери: Вака дознаваат сè за вас