| четврток, 6 декември 2018 |

Јорданчо Давитков го освои Дубаи

Во финалето, Ал Васл го победи Ал Ахли со 72-63 и го освои златниот медал. На турнирот учествуваа осум екипи од Либан, Јордан, Египет, Бахреин, Ирак, Либија и ОАЕ. Натпреварите се одржаа од 5 до 11 декември

joco2
Ал Васл од Дубаи, екипата на поранешниот македонски кошаркарски селектор Јорданчо Давитков, е победник на големиот интернационален кошаркарски турнир, кој се одржува во чест на 2 декември, националниот ден на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ). Ал Васл со пет победи и без ниту еден пораз го освои шампионскиот пехар на силниот турнир, кој, всушност, претставува арапско првенство во мало.
joco
Во финалето, Ал Васл го победи Ал Ахли со 72-63 и го освои златниот медал. На турнирот учествуваа осум екипи од Либан, Јордан, Египет, Бахреин, Ирак, Либија и ОАЕ. Натпреварите се одржаа од 5 до 11 декември.
– Навистина сум презадоволен од играта на мојот тим на овој силен традиционален кошаркарски турнир.  Пред почетокот на турнирот не бевме фаворити за освојување на титулата бидејќи сите очекувања беа на страната на екипите од Јордан, Либан и Египет. Сите екипи во своите состави имаа по двајца одлични американски играчи. На моја голема сатисфакција, мојата екипа прикажа константно одлични игри за време на турнирот и, на големо изненадување на сите, а на задоволство на менаџментот на Ал Васл, успеавме без пораз, со пет победи да триумфираме и да го освоиме големиот пехар под покровителство на шеикот на Дубаи. Бидејќи триумфот на Ал Васл беше големо изненадување, прославата беше навистина спектакуларна – изјави Давитков.
Ова е шести златен медал на Давитков на Блискиот Исток, кој по пет освоени шампионски трофеи во Кувајт, се закити со злато и во Емирати.
joco1
Екипата на Ал Васл се враќа на домашна сцена, каде што по четири одиграни кола без пораз е прва на табелата.
Турнирот свечено го прогласи за отворен принцот, шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top