| четврток, 6 декември 2018 |

Грците продолжуваат со нападите против градоначалникот на Солун

jani butaris gradonacalnik solun (Small)

Во Грција не стивнуваат вербалните напади против солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за неговото учество на презентација на Солун во Стопанската комора на Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Партијата Независни Грци соопшти дека „со тоа што прифатил да стои пред банер на кој пишува Стопанска комора на Македонија, Бутарис ја поддржува пропагандата на Скопје“.

– За историската вистина за грчкиот карактер на Македонија не се преговара. Со игнорирањето на провокацијата од страна на словенските соседи од Скопје , Бутарис продолжува со однесување и присуство на настани со кои ја признава нивната пропаганда за поддршка на систематските обиди да ја сменат историјата, постојано заборавајќи дека го претставува грчкиот народ , зборувајќи како градоначалник на Солун , а не како ’градоначалник на Скопје, се вели во соопштението на партијата.

И Златна зора вчера имаше коментар за солунскиот градоначалник. За неофашистичката партија, „Бутарис е предавник затоа што учествувал на настан во Стопанската комора на Македонија, со што Скопје го признал како Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top