Министерство за внатрешни работи на Германија објави дека под мониторинг се 17 исламисти кои што учествувале во борбите против претседателот на Сирија Асад по што се вратиле дома.
Германските власти сметаат дека од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад пред речиси три години, во Сирија отишле околу 230 луѓе.
– Од тие 230 луѓе, во Германија досега се вратија 50, од кои 17 имале непосредни искуства во борба, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Јенс Тешке, додавајќи дека неколкумина преминале во ислам, пренесува Канал 5.
Владите на европските држави претходно изразија загриженост дека исламските екстремисти по враќањето во Европа би можеле да извршат терористички напади.
Тешке посочи дека во моментот не постои законска основа за апсење на екстремистите кои се под надзор, како и оти најверојатно никој од нив не планира напади во Германија.
Според неофицијални медумски анализи меѓу дваесетина и 60 исламски активисти од Македонија биле дел од единиците кои што се борат против силите на Асад.
Четворица од нив досега загинаа во борбите во оваа земја, неколкумина биле потешко или полесно повредени а најмалку тројца веќе се вратени во земјава.
Македонските власти досега не објавиле дали тие се под посебен мониторинг иако во неколку наврати неофицијални најави говореа дека се додека тие не го прекршат законот во земјава нема да бидат гонети за својата активност во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!