| четврток, 6 декември 2018 |

Неплаќачи на струја ја затворија „пластичарска“ улица

protest plasticarska

Револтирани скопјани протестираат на улицата „Никола Карев“’ позади Бит Пазар, позната како „пластичарска“ поради револт за исклучена електрична енергија. Полицијата ја затвори улицата откако излегоа десетици граѓани на кои им бил прекинат дотокот на струја. Се работи за лица кои се неплаќачи на струја, поради што и се исклучени. Еден час сообраќајот е пренасочен и по „Пластичарска“ не може да се вози. Контејнери и дрвени палети се поставени на улицата

Од МВР известуваат дека протестот е мирен и дека не се забележани инциденти.

Фото: Телеграф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top