Средствата се наменети за финасирање на општинските изборни комисии и избирачките одбори. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека ова е законска обврска за сите општини во државата која мора да се испочитува, иако како што вели е новина.
– Досега овие средства беа издвојувани од државата и сметам дека овој начин на финансирање не соодветсвува со трендовите на фискалната децентрализација, појаснува Дамјановски.
Согласно законот, општината треба ги определи локациите во градот и населените места на кои политичките партии и кандидатите за градоначалници ќе имаат можност рамноправно да го постават пропагандниот материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.