| четврток, 6 декември 2018 |

Ховит: Поднесени 107 амандмани на Резолуцијата за Македонија

hovit1

Сто и седумдесет амандмани на Резолуцијата за Македонија поднеле европарламентарците до крајниот рок кој истече вчера. Според изјавата на известителот за Македонија во Европарламентот Ричард Ховит дадена за 24 Вести тој не очекува амандманите суштински да ја променат насоката на Резолуцијата со која се бара Македонија што поскоро да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Иако Резолуцијата ќе се усвојува дури следната година, Ховит очекува таа уште сега да влијае врз претстојниот Европски совет кој за нешто повеќе од една недела ќе одлучува за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top