| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилјам и Кејт на Карибите

Принцот Вилијам и принцезата Кејт одлучиле да отпатуваат на островот Мастик, на Карибите пред да се роди нивното прво дете. Ова ќе биде последно романтично патување пред да се прошири нивното семејство.

Со оглед на тоа дека од декември, кога беше објавена веста за нејзината бременост, Кејт имаше силни утрински мачнини, двојката чекаше состојбата да се стабилизира за да можат да отпатуваат на одмор.

Друштво им прават родителите на принцезата, Керол и Мајкл Мидлтон, а изнајмувањето на вилата во која претстојуваат чини 30.000 долари неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top