| четврток, 6 декември 2018 |

Бибер: Изгледаш како заринкан кит

Младиот пејач Џастин Бибер во последно време како да го загубил компасот, па така жалбите за неговото однесување се сѐ почести.

Последниот во низата инциденти се случи при сретнувањето со негова обожавателка. Додека тој одморал на базенот, една девојка му се приближила со намера да се слика со него, но не ни очекувала дека тој ќе ја навреди.

– Ти мора да си од Хаваи. Изгледаш како заринкан кит – рекол тој, а откако девојката му одговорила дека не е, Бибер продолжил:

– Би требало да се пријавиш на реалното шоу „Најголем губитник“.

Девојката ја наведнала главата и со плачење побегнала, додека, пак, Бибер чекал поддршка од неговите телохранители.

Инцидентот го потврдиле од персоналот, како и менаџментот од австралискиот хотел во кој бил сместен пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top