
Почнува традиционалната манифестација „Новогодишни бои на Скопје“ која ја организира Град Скопје со која жителите се мотивираат да ги украсуваат своите домови и работни простории. Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти што сакаат да учествуваат во манифестацијата може да се пријават на телефонскиот број 3297 265, од 9 до 16 часот, од 11 до 23 декември 2013 година.
Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да ги испраќаат на интернет-адресата [email protected] или на адресата: булевар Илинден бр. 82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.
Традиционално се избира: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно) и најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.
Пријавените објекти ќе ги посети жири што ќе биде составено од претставници на медиумите.
Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски, со претставници од „ЕВН Македонија“, на крајот на декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


