Промената на менаџерот и лошите резултати на екипата во есенскиот дел од сезоната најверојатно играат голема улога во одлуката на Вејн Руни да одбие да преговара со Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот.
Како што пишуваат медиумите, тие тврдат дека актуелниот шампион на Англија му понудил нов четиригодишен договор на одличниот фудбалер, но според неименуван извор тој размислува да ја промени средината.
За време на летниот преоден рок се зборуваше дека Руни може да го напушти клубот поради поставувањето на Дејвид Мојес на менаџерската функција, меѓутоа тогаш не дојде до трансфер иако за него беа заинтересирани Челси, Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ.
Поголем проблем за Јунајтед е и тоа што следното лето на Руни му истекува сегашниот договор и тогаш без никакви пречки би можел да го напушти тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


