| четврток, 6 декември 2018 |

Британските и француските педери не може да посвојуват руски деца

protest pederi rusija

Во Русија, земјата каде хомосексуалноста до 1993 година се сметаше за кривично дело, а од 1999 за ментална болест, ќе биде забрането да се посвојуваат деца во друго земји.

„Британскиот и францускиот парламент ги легализираа хомосексуалните бракови. Тоа ја намалува можноста за граѓаните на тие земји да посвојуваат руски деца“, напишал на Твитер, претставникот на руското Министерство за надворешни работи за човечки права Константин Долгов.

Долгов реагирал на вчерашното усвојување на законот за легализација на истополовите бракови во британскиот парламент. Ист закон во саботата изгласаа и француските пратеници.

Руските пратеници, од друга страна, на крајот на јануари усвоија закон со кој се казнува секој јавен чин што претставува „хомосексуална пропаганда меѓу малолетници“.

„Француските хомосексуалци нема да ги добијат нашите деца“, изјавил во понеделникот Павел Астахов, одговорниот за права на децата во Кремљ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top