Академијата за судии и јавни обвинители денеска организира прием на 5-тата генерација слушатели на почетна обука, која ја сочинуваат 13 идни судии и јавни обвинители.
На свеченоста ќе се обрати министерот за правда, Блерим Беџети, а најавено е присуство на високи претставници на државната власт и на дипломатскиот кор во земјава.
Со цел да обезбеди европски и современ профил на идни судии и јавни обвинители, притоа следејќи го примерот на развиените правосудства во насока на привлекување на најдобрите кандидати, а согласно новиот Закон за Академија кој беше донесен во 2010 година,
Академијата како што велат од оваа институција, ги зајакна критериумите за влез, што придонесе за поголема компетитивност, квалитет и мотивација помеѓу заинтересираните кандидати.
Влезот во почетната обука, како што велат од Академијата, ќе значи и избор во професијата за оние кои успешно ќе ја завршат обуката.
Петтата генерација на слушатели во почетната обука ја сочинуваат 13 идни судии и јавни обвинители, кои ќе ја следат Програмата за почетна обука согласно новиот Закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.