| четврток, 6 декември 2018 |

За обложувачката афера, Никола Карабатиќ казнет со 6 меча неиграње

Никола Карабатиќ е казнет со 6 натпревари неиграње од француската ракометна федерација и тоа е епилогот на аферата со обложување што ја потресе земјата на некогашниот светски, олимписки и европски шампион.

Според толкувањето на челниците на француската федерација тоа е законскиот лимит за суспензија, а заедно со Карабатиќ на „ракометен одмор“ од 6 натпревари ќе одат и Младен Бојиновиќ, Драган Гаиќ, Самјуел Онрубија, Лука Карабатиќ, Примож Прост и Исам Теј.

Сите се виновни за неџентлментско однесување што се коси со принципите на ракометната игра, стои во образложението на федерацијата.

Карабатиќ како член на Монпелје беше под истрага за нелегално обложување на натпревар што тогашниот лидер и шампион во француското првенство изненадувачки го загуби од слабиот Рен.

Обложувалниците тогаш понудија одличен коефициент од 45 на победа на аутсајдерот.

Карабатиќ и компанија во која беше и неговата девојка, си го искористиле подарокот за да профитираат.

Ракометарот подоцна се жалеше на одлуката за суспензија, и успеа да се спаси од истрагата за местење, па конечниот епилог е казна од 6 меча неиграње.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top