| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица Македонци продолжуваат понатаму во „Икс фактор“

Заврши големата чистка на кандидати во „Икс фактор“. Втората фаза на аудиции, таканаречениот „Регрутен камп“ ги подели кандидатите во групи. Тие заедно имаа само еден ден да подготват микс од песни и повторно да се претстават пред жирито.

Жељко, Емина, Кики и Кристина имаа задача да одберат 33 од 130 кандидати кои подоцна уште еднаш ќе бидат поделени. Многу од кандидатите попуштија под притисокот и уморот.

Нашиот Даниел Кајмакоски продолжи понатаму, иако Јоксимовиќ рече дека овој пат бил далеку од она што го видовме на првата аудиција. Сепак, стружанецот кој долго време живее и работи во Австрија, ќе ја добие својата шанса да покаже дека ме и подобро. Даниел влезе во групата од кандидати над 27 години, кои ќе бидат под менторство токму на Жељко Јоксимовиќ.

Неодамна српскиот музичар на својот профил на „Твитер“ јавно го поддржа Даниел, иако според коментарите на публиката, токму Жељко е најстрогиот член на жирито.

Браќата Иван и Кико Раденови, пак, продолжуваат во групата „бендови“, која ќе биде предводена од Кристина Ковач. Таа им вети дека од сите членови на жирито најмногу ќе се бори за својот тим.

Филип Јаневски Фифи на почетокот доби „не“. Сепак, на крајот на „Регрутниот камп“, заедно со уште неколку кандидати доби уште една шанса. Жирито сметаше дека токму тие натпреварувачи имаат голем потенцијал и иако не се покажале во добро светло вечерва, сепак ќе ги примат на „стара слава“, но како бенд или група.

Фифи сега е во дуо со Маринела, и тие заедно со Раденови ѝ се придружија на групата на Кристина.

Емина Јаховиќ ги доби момчињата помлади од 27 години, па во следниот дел наречен „домот на судиите“ ќе ги носи во нејзината палата во Истанбул.

Иако целиот свој живот е во група („Пилоти“), на Кики Лесендриќ сега има задолжение да ги тренира девојчињата  помлади од 27 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top